ДИЗАЈНЕРОТ ЗОРАН КАРДУЛА ВО РИМ ИЗЛОЖИ РЕДИЗАЈН НА ЕКСЈУ СИМБОЛИТЕ

    ДИЗАЈНЕРОТ ЗОРАН КАРДУЛА ВО РИМ ИЗЛОЖИ РЕДИЗАЈН НА ЕКСЈУ СИМБОЛИТЕ„Изложба без жири“ е поставка со 40 дела на Кардула кои се редизајн на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на поранешна Југославија

    Македонскиот дизајнер Зоран Кардула во Рим ја претстави „Изложба без жири“, поставка на 40 негови дела кои се редизајн на симболите кои ја одбележаа социјалистичката ера на поранешна Југославија. Изложбата е дел од настанот насловен Мондо екс, омаж на големиот eвропски интелектуалец Предраг Матвејевиќ, по повод една година од неговата смрт.

    Изложбата е дел од настанот насловен Мондо екс, омаж на големиот eвропски интелектуалец Предраг Матвејевиќ, по повод една година од неговата смрт

    „Изложбата е организирана од здружението Липа и е во чест на Предраг Матвејевиќ, денес се навршува година дена од неговата смрт и некако сакаа да го спојат неговото дело ‘Мондо Екс’ со моите редизајни, некако најсоодветно им се најдоа моите илустрации да го отсликаат неговото дело, што ми е посебна чест. Галеријата Курва пура во која е изложбата е во центар на Рим, во индустриската област каде сега се наоѓаат најзначајните алтернативни галерии“, вели Кардула.

    Италијанските медиуми го претсавуваат Кардула како еден од најеклектичните македонски графички дизајнери и велат дека „Југопластика, Искра, Тесла, штафетите на Тито се фрагменти од една ера што, иако изгребани и навредени од војни, раскажуваат за радосни и среќни искуства, за големи културни, научни, социјални, индустриски, комерцијални, спортски достигнувања“.

    Во Рим изложбата ќе трае до 1 март, потоа ќе патува низ други региони во Италија, а се планира да биде прикажана и во сите поранешни југословенски републики.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира