МЕРКЕЛ И СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ДОГОВОРИЛЕ КОАЛИЦИЈА

    МЕРКЕЛ И СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИТЕ ДОГОВОРИЛЕ КОАЛИЦИЈАНа чекор до добивањето на четвртиот мандат. - Ангела Меркел (Фото: Ројтерс)

    Конзервативците на Ангела Меркел и социјалдемократите (СПД) постигнаа формален договор за формирање коалиција, откри извор вклучен во преговорите, од кои последната сесија траела цели 24 часа.

    Друг извор не можеше да потврди дали договорот е финализиран, додавајќи дека партиите сѐ уште се на различни страни по некои прашања.

    Агенцијата ДПА објави дека социјалдемократите ќе ги добијат министерствата за надворешни работи, труд и за финансии, од кои последното беше во рацете на ЦДУ во претходните осум години.

    Доколку договорот биде потврден, тоа ќе ја доведе Германија чекор поблиску до формирање влада по цели четири месеци политичка неизвесност во државата, што ја ослабна нејзината позиција во меѓународните односи и го наметна прашањето дали Меркел може да ја задржи канцеларската функција.

    Без разлика каков договор се постигне, тој потоа ќе мора да се одобри од 464.000 членови на СПД, кои ќе треба да се изјаснат на внатрепартиски референдум.

    Ова е најдолг период што Германија била без влада од завршувањето на Втората светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира