Голем пожар изби во близина на Медиумското село само ден пред отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Новинари кои дојдоа за Олимпијадата објавија фотографии на Твитер, на кои што се гледа голем пламен во станбен блок во Гангнеунг, на источниот брег на Јужна Кореја.
„Судејќи според густиот црн чад во близина, пожарот би можел да биде доста голем“, напиша новинарот на Ен-Би-Си, Брус Харисон.
Полицијата соопшти дека пожарот избил на градилиштето позади едно кафуле и дека истрагата е во тек.
Според Харисон, предупредување од пожар им било пратено на мобилен телефон на сите кои во тој момент биле во регионот.