НЕ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ИМЕТО, ТУКУ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АТИНА КАМИНИС ПО СРЕДБАТА СО ШИЛЕГОВ

    НЕ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ИМЕТО, ТУКУ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТИ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА АТИНА КАМИНИС ПО СРЕДБАТА СО ШИЛЕГОВШилегов ги поздрави новинарите и домаќините на грчки, за што доби аплауз. - Од заедничката прес-конференција на Шилегов и Каминис во Атина (Фото: СДК.МК)

    Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и градоначалникот на Атина Јоргос Каминис денеска на средбата во главниот град на Грција не разговарале за името, туку како да ја зголемат довербата меѓу граѓаните на двете земји преку реализирање на заеднички проекти. Каминис најави дека за неколку недели ќе дојде во Скопје, каде што ќе биде потпишан меморандум за соработка.

    „Од првиот ден од изборот на градоначалникот Шилегов сме во комуникација. Тој е прогресивен и модерен политичар кој го разбира значење на добрата соработка меѓу градовите. На оваа прва средба договориме соработка на неколку полиња како социјалната политика, климатските промени, дигитализацијата а во наредните недели ќе оствариме посета на Скопје каде ќе потпишеме Меморандум за соработка. Оваа наша средба создава политика на оптимизам за соработка меѓу двата града и двете земји. Знам дека има страв кај дел од граѓаните од двете страни. Двете земји ќе добијат доколку има соработка. На денешната средба не разговаравме за името, тоа е прашање кои го водат нашите земји. Ние разговаравме за соработка која ќе ја зголеми довербата меѓу двата народи“, рече на заедничката прес-конференција Каминис.

    Шилегов на прес-конференцијата прво ги поздрави новинарите и домаќините на грчки, за што доби аплауз, а потоа се обрати на англиски јазик.

    Шилегов кажа дека со оваа средба се испраќа порака за воспоставување нормална комуникација меѓу двата народи. „Луѓето и во Скопје и во Атина имаат исти проблеми и преку размена на искуства и соработка наша задача е да ги решиме тие проблеми. Ова е прв чекор за нашата идна соработка“, рече Шилегов.

    За САКАМДАКАЖАМ.МК од Атина,

    Ана АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира