Кога конечно заврна во Кејптаун, луѓето истрчаа од рестораните каде беа на вечера за да го видат дождот, а други со кофи во рацете трчаат да соберат од скапоцената вода која ќе ја искористат за перење на алиштата.
Дождот кој падна во Кејптаун во петокот вечерта, беше причина за прослава во градот погоден од суша, кој се приближуваше до денот кога целосно ќе остане без вода. Дали краткотрајниот дожд е доволен да го одложи денот кога Кејптаун ќе остане без капка вода, останува да се види. Претходно нултиот ден, или денот кога Кејптаун целосно ќе пресуши беше поставен на 12 април, а сега е поместен на 11 мај.
Според метеоролошката управа на Кејптаун, вториот најголем град во Јужна Африка и неговата околина, од дождот во петокот вечерта добија меѓу 2 и 10 милиметри вода. Градот може да очекува меѓу два и осум милиметри вода од дождот што се очекува утре вечер и задутре наутро, или помалку од инч, а други дождови не се очекуваат до крајот на неделата.
И покрај тоа што врнежите беа слаби, тие беа добредојдени за жителите на градот, кои каде немаше дожд од 22 јануари. Тие со кофи и разни садови собираа дождовница планирајќи да ја употребат за перење на алиштата, за готвење и за чистење на тоалетите.
Но, оваа количина на врнежи нема да предизвика значително влијание на најголемиот резервоар на вода во градот кај браната Теватерсклоф, бидејќи сателитските снимки покажуваат дека количината вода во него е на опасно ниско ниво.
Од први февруари жителите на градот ја намалија потрошувачката на вода од 87 на 50 литри на ден. Градот забрзано работи на надградба на водоводниот систем, потоа на систем за рециклирање на водата за да ја зголеми доставата на вода.
„Рестрикциите на вода беа ненормални. Не ни беше дозволено да се бањаме. Можевме да се тушираме, но не секој ден. Чувавме вода во шишиња, користевме стерелизатори за раце и влажни марамчиња. Едноставно се чувствуваш виновен кога ќе го пуштиш казанчето на ве-це шоњата“, вели Вејн Рон, 32-годишен жител на Кејптаун.
Рон вели дека кога почнало да врне во петокот, со брат му собирале вода со кофи од олуците. „Ќе ја искористиме за машината за перење, за да ги измиеме садовите и за се друго“, кажа тој.
Жителка на Кејптаун, 30-годишната Џенифер Сток, вели дека ни капка од скапоцената вода не ја потрошиле залудно.
„Се туширавме над кофите, а потоа водата ја употребивме во градината и на други места во куќата. Мора да мислиме на сѐ што правиме, да да одредиме приоритет на што ќе ја потрошиме нашата вода, дали сакам чаша чај, или дали сакам да ја оддржам во живот малата билка, или дали ќе преживеат птиците или пчелите. Не може да имаш пријатен долг туш, по напорниот ден на работа“, кажа таа.