БИТОЛЧАНКИ СО ЦРЕВО И СУНЃЕРИ ГО КАПЕА ФИЛИП ВТОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНКИ СО ЦРЕВО И СУНЃЕРИ ГО КАПЕА ФИЛИП ВТОРИ

    Група битолчанки, за кои прво бевме информирани дека се од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа тврдеа дека се независни, се зафатија да го чистат соменикот на Филип Втори во Битола. Тие со четки и сунѓери ги триеја боите од споменикот кој го обои Шарената револуција.

    Битолчанката Славица Стојановска рече дека тие што фрлаат со боја се невоспитани, а за Филип, рече дека е „потомок на македонскиот народ“.

    На жените им помагаше и повозрасен битолчанец кој Филип го тушираше со црево со вода од фонтаната. Тој дури траеше прес конференцијата пред камерите се пофали дека има телефонска порака на која се напишани сите имиња на битолчаните кои го шараат градот. На пораката беа девет имиња и беа испишани три точки.

    „Оние што го направија ова, треба нивните родители да преземат нешто и да ги воспитат нивните деца дека не смеат да ја уништуваат историјата на Македонија. Младината да се научи на ред да работи, а не да уништува споменици. Срамота и греота е ова што се прави зашто сите знаеме кој беше Филип за македонскиот народ, рече битолчанката што го организираше миењето на споменикот, Стојановска.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира