ПАРИ ОД МВР ЗАВРШУВАЛЕ ВО ФИРМИ И ВО ЏЕБОВИ НА ПОЕДИНЦИ, КАЖА СПАСОВСКИ ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПРОНЕВЕРЕНИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА

    ПАРИ ОД МВР ЗАВРШУВАЛЕ ВО ФИРМИ И ВО ЏЕБОВИ НА ПОЕДИНЦИ, КАЖА СПАСОВСКИ ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПРОНЕВЕРЕНИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА„Сега е јасно зошто македонскара полиција нема униформи“, кажа министерсто за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Спасовски во Струга (Фото: МВР)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди неговото министерство и обвинителството водат истрага за проневерени 30 милиони евра од МВР во времето на неговата претходничка Гордана Јанкулоска.

    „Завршувале и во фирми и во џебови на одредени поедици, но јас оставам тоа да го покаже истрагата. Сето тоа што ќе бниде откриено, за што работат соодветни комисии што сум ги формирал во МВР, УБК, БЈБ, внатрешна контрола и Јавното обвинителство ќе дадат одговор на сите овие прашања“, изјави Спасовски на примопредавањето на 16 возила Дачија дастер во полициската станица во Струга, донација од Германија.

    Германија донираше 16 возила Дачија дастер за МВР, вредни 240.000 евра. (Фото: МВР)

    Спасовски му се заблагодари на заменикот амбасадор на Германија Марко Акватичи за, како што кажа тој, напорите кои што ги направија за македонското МВР да ја добие оваа донација од околу 240.000 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира