Германскиот дипломат Јоханес Хајндл, по пристигнувањето во Македонија, соопшти дека е дојден за да се запознае со ситуацијата во земјата.
– Дојдов да се запознаам со ситуацијата и да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД, да резултира со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот – рече Хајндл.