ЌЕ ИЗДРИБЛАМЕ СО ПАРИТЕ ШТО ГИ ДАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА БИТОЛСКИ ТЕАТАР, ОТИ БУЏЕТОТ ИОНАКА БЕШЕ НАПУМПАН, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ИВАН ЈЕРЧИЌ

    ЌЕ ИЗДРИБЛАМЕ СО ПАРИТЕ ШТО ГИ ДАВА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА БИТОЛСКИ ТЕАТАР, ОТИ БУЏЕТОТ ИОНАКА БЕШЕ НАПУМПАН, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ИВАН ЈЕРЧИЌЈерчиќ рече дека тоа што место 13 добиле 7,7 милиони денари нема да се одрази врз квалитетот на проектите, зашто сите апликанти пред Министерството или било кој фонд што буџетира култура, секогаш настапувале со поголеми суми (Фото: СДК.МК)

    „Кажано со фудбалски жаргон, ќе издрибламе со парите што Министерството за култура ги дава годинава за Народниот театар во Битола“, рече директорот Иван Јерчиќ, запрашан дали е задоволен со средствата од годинешната програма за култура. Народниот театар од Битола доби нешто повеќе од половина од бараните средства за годинешната програма. За преставите и фестивалот барале над 13 милиони денари, а добиле 7,7 милиони денари.

    „Ако треба да одговорам со да или не, ќе кажам дека не сум задоволен целосно. Но, сметам дека во рамки на тие средства што ги добивме за четири прокети плус за ‘Битола Шекспир фестивалот“ и за две гостувања во Ерменија и Полска, ќе успееме да изменаџираме сите проекти да си го добијат заслужениот третман. Нѐ очекува година на предизвици, кажано во фудбалски жаргон, ќе успееме да издрибламе во рамки на тие средства. Задоволен сум во некакви рамки. Но. можеше и подобро“, рече Јерчиќ.

    Јерчиќ рече дека тоа што место 13 добиле 7,7 милиони денари нема да се одрази врз квалитетот на проектите, зашто сите апликанти пред Министерството или било кој фонд што буџетира култура, секогаш настапувале со поголеми суми.

    „Народски кажано, напумпани за на крај да се добијат средствата што се реални. Ваквото постапување не е ни во рамките на јавна тајна, тука е општо познато“, рече Јерчиќ.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира