Француската лизгачка Габриела Пападакис само што почна со настапот на Зимската олимпијада во Пјонгчанг, кога ѝ се измести фустанот и доживеа непријатност пред целиот свет, останувајќи со гола града.
Дваесет и двегодишната Пападакис веднаш сфати што се случува, но ја продолжи точката со нејзиниот партнер Гијом Сисерон, завршувајќи втори, пред утрешниот слободен танц.
„Беше вознемирувачки. Мојот најлош кошмар на Олимпијадата. Но, си реков, мора да продолжиш. Тоа и го направивме и мора да бидеме горди на себе, затоа што имавме одличен натап“, вели Пападакис.
Дебитантите на Олимпијада, кои танцуваа на два хита на Ед Ширан, освоија 81,93 поени, со што се зад Канаѓаните Теса Вирчу и Скот Моир, кои го држат светскиот рекорд од 83,67 поенти.
„Фрустрирачки е да изгубиш поени поради проблеми со костимот. Кога трениравме, не се подготвивме за вакво нешто“, кажа Сисерон.
Ова не е првпат да има проблеми со гардеробата за време на Игрите во Пјонгчанг. Проблеми имаше и јужнокорејската лизгачка Јура Мин, но ова е ништо во споредба со инцидентот на руската лизгачка Екатерина Рублева на Европското првенство во 2009 година, кога нејзиниот розев фустан се лизна надолу скоро до стомакот.