ДОДЕКА СИТЕ БАРААТ НАЧИН ДА СЕ СВИКА СОБРАНИЕТО, ТРАЈКО ЌЕ ОДИ КАЈ ПАПАТА ВО РИМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДОДЕКА СИТЕ БАРААТ НАЧИН ДА СЕ СВИКА СОБРАНИЕТО, ТРАЈКО ЌЕ ОДИ КАЈ ПАПАТА ВО РИМ

    Додека партиите бараат законски начин како да го соберат Парламентот и да ги одложат изборите, претседателот на СобраниетоТрајко Вељаноски утре ќе замине во посета на Ватикан, на ауденција кај папата Фрањо, по повод празникот Кирил и МетодијДелегацијата заминува во Ваткан порано, наместо на 24 мај, бидејќи папата Фрањо имал обврски, а за поместувањето на датумот се согласила и бугарската делегација.

    Неофицијално, како најдобар начин да се иницира постапка за свикување на Парламентот, а да мора собранискиот спикер Трајко Вељаноски да го свика Собранието, е да се поднесе иницијатива до Уставниот суд да ја укине одлуката за распуштање на Парламентот со одложено дејство. Тогаш собранискиот спикер легално и легитимно ќе може да го свика Парламентот.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска не откри како мислат да го изведат повторното свикување на Парламентот а при тоа да не се прекрши Уставот. Ахмети после средбата со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл не кажа на кој начин ќе се свика Парламентот.

    Разговаравме за политичката криза. Сметаме дека не е добро да се одржат избори на 5 јуни поради имиџот на државата. Му соопштивме на Хајндл дека ДУИ ги презема сите мерки, во согласност со консултациите што ги правиме со правни експерти како да најдеме начин да се свика седница на Парламентот“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со Хајндл во германската амбасада.

    Собранискиот спикер Трајко Вељаноски деновиве изјави дека нема шанси повторно  да го свика Парламентот, оти било противуставно.

    „Во согласност со членот 63, став 6 од Уставот, ако Собранието се рапушти и за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници, нема можност повторно истиот пратенички состав да се состане. Тоа, во суштина, значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата. Во оваа смисла, сакам да ѝ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оцена на уставноста, Уставниот суд, уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање, при што крајно логично заклучува дека, цитирам: …со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и на завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо прекршување на Уставот на Република Македонија“, се вели во соопштението на Вељаноски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира