ИЗВОЗЕЛЕ 17.000 КИЛОМЕТРИ СО ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ДА СИ ГО ГЛЕДААТ СИНОТ НА ОЛИМПИЈАДАТА

    ИЗВОЗЕЛЕ 17.000 КИЛОМЕТРИ СО ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ДА СИ ГО ГЛЕДААТ СИНОТ НА ОЛИМПИЈАДАТАНа своето едногодишно патување поминале низ 20 држави и стигнале на време во Јужна Кореја. - Гвидо Хувилер со сопругата Рита (Фото: Ројтерс)

    Швајцарска двојка поминала 17.000 километри за да си го гледа синот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

    Таткото и маќеата на скијачот Миша Гасер минатиот февруари го напуштиле домот во Олтен, 70 километри западно од Цирих, за да се упатат на едногодишна авантура со велосипеди до Јужна Кореја. На своето патување поминале низ 20 држави, вклучувајќи ги и Србија, Косово и Бугарија.

    „Кога пристигнавме, синот нѐ пречека. Бевме трогнати, немаме зборови“, кажа 55-годишниот Гвидо Хувилер.

    Тој вели дека било многу напорно да се вози секој ден.

    „Најголемиот предизвик беше да се вози по автопатот Памир, бидејќи е на 4.000 метри надморска височина и поминува низ неколку држави во централна Азија. После тоа, бевме многу исцрпени. Ни требаше две-три недели одмор“.

    Кога дошле на кинеска граница, на Хувилер одбиле да му издадат виза, бидејќи, во меѓувреме, му пораснала брада, а во Јужна Кореја кампирале на температури под нулата.

    „Син ми сонуваше да настапи на олимпијада уште од четиригодишна возраст. Најважно е што тој си го живее сонот и сакавме да бидеме блиску кога ќе му се оствари“, вели Хувилер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира