ЈУСЕИН БОЛТ УТРЕ ЌЕ ОТКРИЕ ЗА КОЈ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПОТПИШАЛ

    ЈУСЕИН БОЛТ УТРЕ ЌЕ ОТКРИЕ ЗА КОЈ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПОТПИШАЛПо атлетската, почнува со фудбалската кариера. - Јусеин Болт (Фото: Гети)

    Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт соопшти дека потпишал договор со еден фудбалски клуб, не откривајќи го неговото име. Како што додаде, тоа ќе го направи утре.

    Осумкратниот олимписки шампион често изјавуваше дека би сакал да игра за Манчестер јунајтед, неговиот омилен клуб, а неодамна добил понуда и од американската екипа Футбол Мајами, која е во сопственост на Дејвид Бекам. Тој тврдеше дека би можел да стане добар исто колку и Вејн Руни, доколку целосно се посвети на тренинзите.

    „Потпишав за фудбалски клуб. Дознајте утре за кој клуб станува збор“, напиша 31-годишниот Болт на Твитер.

    Тој тврди дека бил тестиран од дури 12 клуба, а меѓу имињата што се спомнуваа беше и Борусија Дортмунд.

    Јамајчанецот ја заврши спринтерската кариера летоска, откако не успеа да ја одбрани титулата на 100 метри, завршувајќи трет на Светското првенство во Лондон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира