ЕЛЕНОВСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК НА ВЛАДАТА ЗА НАТО ВО БРИСЕЛ, УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ МАТИЧНИ КНИГИ КОНЕЧНО ДОБИ ДИРЕКТОР

    ЕЛЕНОВСКИ СПЕЦИЈАЛЕН ПРАТЕНИК НА ВЛАДАТА ЗА НАТО ВО БРИСЕЛ, УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ МАТИЧНИ КНИГИ КОНЕЧНО ДОБИ ДИРЕКТОРПоранешниот министер за одбрана Лазар Еленовски со поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски пред средбата со поранешниот Генерален секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во Брисел во мај 2007 година. (Фото: НАТО)

    Лазар Еленовски е назначен за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел на денешната владина седница.

    Еленовски беше министер за одбрана од 2006 до 2008 година во владата на Никола Груевски, како член од НСДП на Тито Петковски. Како кадар на ДУИ од 2012 до 2016 година беше именуван за амбасадор во Белгија.

    Тој е еден од основачите и прв лидер на Социјалдемократска унија, како и поранешен претседател на младината на СДСМ.

    На истата седница, Управата за водење матични книги конечно доби директор. Владата го именуваше Бујар Дарлишта за директор на Управата, каде вработените два месеци се без плата, бидејќи институцијата беше оставена без менаџер и немаше кој да ги потпише исплатите. Со коалиционата поделба директорското место во Управата за водење матични книги, која е под надлежност на под Министерството за правда, им припаднало на ДУИ.

    Вработените револтирани што два месеци се без плата, деновиве предупредија дека се потрошиле обрасците за печатење на изводите од матичните книги на родените, на умрените и на венчаните, а набавка може да спроведе само директорот.

    Владата отповика и неколку конзули на Република Македонија, односно Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, и Пуршотам Карамангала Џајарам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира