СОПИШТЕ МОЖЕ ДА ПОСАКА И МЕТРО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ОТКАКО ОПШТИНАТА ГО ПОБАРА ЌОСЕТО

    СОПИШТЕ МОЖЕ ДА ПОСАКА И МЕТРО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ОТКАКО ОПШТИНАТА ГО ПОБАРА ЌОСЕТО„Градот Скопје има добиено допис од Рудници и железарници институти кои што ги лиеле петте спомениците на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин дека се неплатени и дека ќе се води судска постапка“,рече градоначалникот Петре Шилегов (Фото: Град Скопје)

    Општина Сопиште може да посака и метро да имаат во Сопиште, рече градоначалникот Петре Шилегов откако Советот на Општината вчера донесе одлука со која бараат Градот да им го даде споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

    „Општината Сопиште може да си носи автономни одлуки какви што сака. Може да посакаат и метро да имаат во Сопиште. Градот Скопје има добиено допис од Рудници и железарници институт кои што ги лиеле петте спомениците на Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин дека се неплатени. Од нас е побарано да им доставиме известување каде се наоѓаат спомениците поради нивните потреби во судската постапка која ја водат за долг на неплатени споменици. Што значи Град Скопје примил неплатена донација“, рече денес градоначалникот Петре Шилегов.

    Град Скопје веднаш по отстранувањето на споменикот минатиот четврток испратил дописот до Здружението на адресата која е оставена во Градот за кореспонденција во моментот кога биле донирани спомениците. Досега како што вели Шилегов немаат добиено никаков одговор од Здружението.

    Споменикот на Ќосето беше тргнат од пред Врховниот суд во четвртокот рано наутро бидејќи бил дивоградба. Од Град Скопје по отстранување на споменикот најавија дека на негово место ќе насадат дрво на човековите права од видот гинко и го повикаа донаторот да си го земе споменикот.

    Вчера на седница, Советот на Општина Сопиште донесе одлука со која бараат Град Скопје да им го даде Ќосето за да го постават на кружниот тек кој води кон Сончев град.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира