НЕЈМАР ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА, НЕ ИГРА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА

    НЕЈМАР ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА, НЕ ИГРА ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТАНејмар ќе биде опериран в сабота во Бразил (Фото: Гети)

    Најскапиот фудбалер на светот Нејмар ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната, откако ќе го оперира стапалото на десната нога, што го скрши на неделниот натпревар со Марсеј.

    Како што кажа лекарот на бразилската фудбалска репрезентација Родриго Ласмар, на Нејмар му претстои пауза од три месеци.

    „Нејмар ја скрши петтата метатарзална коска, што е важна коска во стапалото. Тој ќе биде опериран в сабота во Бело Хоризонте, а рехабилитација од вакви повреди обично трае од два и пол до три месеци. Нејмар е тажен, но свесен е дека нема алтернатива. Тој ќе даде сѐ од себе да се врати на терените најрано што може“, изјави Ласмар.

    Нејмар беше изнесен на носилки откако се повреди на девет минути до крајот на средбата во неделата. Се очекува ова да не го загрози неговиот настап на Светското првенство во Русија, кое почнува во јуни. Бразил го игра првиот натпревар на 17 јуни против Швајцарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира