СТРУЈА СНЕМАЛО НОЌЕСКА ВО ВЕЛЕШКО ПОРАДИ ИСПАД НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА НА МЕПСО

    СТРУЈА СНЕМАЛО НОЌЕСКА ВО ВЕЛЕШКО ПОРАДИ ИСПАД НА ПРЕНОСНАТА МРЕЖА НА МЕПСОВо овие четири часа додека градот немаше струја полициски коли патролираа низ улиците на Велес, а во СВР Велес нема пријави за нарушување на јавниот ред и мир, кражби или други инциденти. (Фото: СДК.МК)

    Причината за тоа што 60 илјади жители на општина Велес и Општина Чашка, ноќеска четири часа немаа електрична енергија бил испадот на преносната мрежа, информираа од МЕПСО. Претходно ЕВН Македонија се прогласи дека нема вина и одговорноста ја префрли на македонскиот електро преносен систем, бидејќи струја не добивале двете трафостаници кои ги снабдуваат жителите на општините Велес и Чашка со електрична енергија.

    „Заради испад на преносната мрежа во 1,35 ч. регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија на Велес. Екипи на МЕПСО веднаш излегле на терен, интервенирале и Велес добил напојување во 3,47 ч. Прекинот на снабдувањето бил во траење од два часа“, стои во писмената информација од АД МЕПСО.

    Од ЕВН Македонија дополнија дека тие етапно ги пуштале различните делови од градот и општината со електрична струја па затоа во Центарот за управување со кризи е регистрирано дека струјата дошло во 5,50 ч.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира