ПРОТЕСТ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЗА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА

    ПРОТЕСТ НА СКОПСКИОТ ПЛОШТАД ЗА ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈАНа денешните протести во Скопје и на дијаспората беше побаран прекин на преговорите за името со Грција. (Фото: М. Златевска)

    На плоштадот Македонија во Скопје денеска се одржа протест на движењето „Нашето име е наше право“ на кој беше побаран прекин на преговорите за името со Грција под посредство на Метју Нимиц. Демонстрантите побараа и ослободување на притворените за настаните од 27 април.

    Претходно денеска, протести против промена на името имаше и во Мелбурн, Сиднеј и Перт во Австралија, а протест на македонските иселеници, насловен „Ние сме Македонија“, имаше и во Вашингтон, каде што неколку организации од Њу Џерси, Масачусетс, Њујорк и Вашингтон, побараа од македонската влада прекин на преговорите за името со Грција и заштита на македонскиот идентитет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира