ЛИДИЈА ДИМЧЕВСКА ИЗБРАНА ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА

    ЛИДИЈА ДИМЧЕВСКА ИЗБРАНА ЗА В.Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈАДенеска изостана изборот на претседател на Апелациониот суд Скопје и место тоа, се назначи вршител на должноста претседател. - Од седница на Судкси совет (архивска фотографија)

    Апелационата судијка Лидија Димчевска, со 31 година судиски стаж, назначена е за в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје. Досегашната претседателка Лилјана Шопова заминува в пензија.

    Денеска изостана изборот на претседател на Апелациониот суд Скопје и место тоа, се назначи вршител на должноста претседател, зашто Судскиот совет се согласи да има вонредно оценување на кандидатите за судии и за претседатели, бидејќи се со стари оценки уште од 2016 година.

    Членовите на Советот одлучија јавноста да биде отстранета од седницата кога ќе се зборува за извештајот за злоупотребите со АКМИСОТ во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд, како и за иницијативата за разрешување на пет врховни судии меѓу кои и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, со чија одлука беше ослободен од притвор избеганиот бизнисмен Сеат Кочан, обвинет од СЈО во случајот „Труст“.

    Се шпекулира дека Советот сака да ја отфрли иницијативата за разрешување на петтемина членови на кривичниот совет во Врховниот суд кој го ослободи Кочан, на што жестоко се спротивставуваат двајцата судии кои гласале против ослободувањето. Еден од нив е врховниот судија Џемали Саити, кој вели сега не смее да се дозволи да нема одговорност за овој случај и со повлекувањето на иницијативата да им остане црна дамка на двајцата судии кои биле надгласани со три гласа во корист на ослободувањето на Кочан.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира