Автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска Митева ноќеска бил запален во Виница. Според билтенот на МВР, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на автомобилот „Сеат леон“ на Шуманска Митева, ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле.
„На 15.03.2018 година околу 01,30 часот во Виница на улица ’Славчо Стојменски‘, непознати сторители, откако претходно го скршиле стаклото на патничко моторно возило ’Сеат леон‘ со винички регистарски ознаки, сопственост на С.Ш.М., ја полеале внатрешноста на возилото со запалива течност и ја запалиле. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот.