ОЧЕКУВАНА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПУТИН ЗА УШТЕ ШЕСТ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА РУСИЈА

    ОЧЕКУВАНА УБЕДЛИВА ПОБЕДА НА ПУТИН ЗА УШТЕ ШЕСТ ГОДИНИ НА ЧЕЛО НА РУСИЈАОчекувано никој не успеа да го загрози на изборите. - Владимир Путин (Фото: Гети)

    Владимир Путин ќе ја води Русија и во наредните шест години, откако обезбеди очекувана убедлива победа на денешните претседателски избори.

    Според излезните анкети, тој освоил 73,9% гласови, при што ниту еден противкандидат не успеа да му се доближи. Лидерот на опозицијата, Алексеј Навални не ни доби дозвола да се кандидира.

    Во однос на претходните избори во 2012 година, кога освои 64% гласови, ова претставува значително зголемување на поддршката, што, пак, ќе му овозможи најсилен можен мандат.

    На второто место во излезните анкети е лидерот на Комунистичката партија, Павел Грудинин, со 11,2% освоени гласови.

    Путин доминира во руската политика во последните 18 години и веќе е најдолговечниот лидер по Јосиф Сталин.

    Со оваа победа, тој останува на власт до 2024 година, кога ќе има 72 години, но тој сѐ уште нема определено свој наследник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира