Собранието попладнево ги разреши петте членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, кои претходно поднесоа оставки.
Претседателот на Антикорупициската комисија Игор Тантуровски и членовите Фарие Алиу, Горан Миленков, Жаклина Дамческа, и Сејди Халили, поднесоа оставки откако САКАМДАКАЖАМ.МК објави ревизорски извештај кој покажува неправилности во работата на Комисијата.
- ВО АНТИКОРУПЦИСКА СИ ЗЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ СО ЛАЖНИ НАЛОЗИ, А НЕКОИ НЕ ОДЕЛЕ НИ НА РАБОТА
- АНТИКОРУПЦИОНЕР ИЗНАЈМИЛ СТАН ЗА 100 ЕВРА, А ЗЕМАЛ 350 ЕВРА
Ревизорскиот извештај на УЈП покажа дека во 2016 година на членови на Антикорупциската комисија им се исплаќале патни трошоци затоа што доаѓале на седници, а исплата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози, некои од членовите воопшто не доаѓале на работа туку само на седници и биле поднесувале три патни налози за ист ден.
Покрај овие нерегуларности во ревизорскиот извештај како ненаменско трошење на буџетски пари се посочуваат и трошоци за ручеци и вечери во ресторани кои членови на Комисијата ги правеле при патување во странство, како и трошоци за изнајмување на стан.
Оставки не поднесоа членовите Најдо Спасевски и Сузана Таскова Аџикотарева.
А.АНТЕВСКА