„Прилепска пиварница“ е годинашниот добитник на највисокото златно признание на PepsiCo Caleb Bradham Quality Excellence, со кое се наградуваат високиот квалитет и безбедноста на производите на компанијата „Пепси“, соопшти компанијата.
Златното ниво на наградата е доделено на само 18 компании од целиот свет и „Прилепска пиварница“ е една од нив.
„Ова е прво вакво признание за ‘Прилепска пиварница‘ и е од исклучително значење за нас, затоа што стандардите што компанијата ‘Пепси‘ ги има поставено и што ние ги исполнуваме се навистина големи, а критериумите сложени. Наградата значи дека во текот на изминатата година сме оствариле високи перформанси во однос на производството, квалитетот и исполнувањето на критериумите за безбедност и дизајнот на производите“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска пиварница“.
Во оценувањето на квалитетот на пијалоците на „Пепси“ учествуваат сите компании и притоа постојат три нивоа на награди – злато, сребро и бронза.