ВРЕМЕ Е ЗА ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ И КОМПРОМИС ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, МУ РЕКОЛ ЗАЕВ НА КОЅИАС

    ВРЕМЕ Е ЗА ЛИДЕРСКИ ОДЛУКИ И КОМПРОМИС ОД ДВЕТЕ СТРАНИ, МУ РЕКОЛ ЗАЕВ НА КОЅИАС„Грција, како земја членка во НАТО и ЕУ со најстара демократска традиција во регионот, има голема одговорност за решавање на ова прашање, и дека мора да се најде компромис прифатлив за двете страни“, рекол Коѕиас. - Премиерот Зоран Заев и министерот Никос Коѕиас пред средбата во Владата. (Фото: М. Златевска)

    Време е за лидерски одлуки и за компромис прифатлив за двете страни, му рекол премиерот Зоран Заев на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на денешната средба во Владата.

    „И оваа средба го зазема своето место како значајна во разговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на нашата земја, и дека се совпаѓа со еден исклучително позитивен момент кога се очекуваат трајни решенија за билатералните прашања во регионот во перспектива на очекувањата на Европската Унија. Треба да сме одлучни, и да правиме чекори кои не водат поблиску до решението на единственото отворено прашање меѓу нашите две земји. Уверен сум дека овој пристап ќе доведе до решение кое ќе им даде доволно прифатливи аргументи на институциите во двете земји, како и на опозицијата, да прифатат дека тоа ќе биде достоинствено и за Република Македонија и за Република Грција“, се вели во соопштението, од средбата на премиерот Зоран Заев со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас.

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас, потенцирал дека сегашноста и иднината бараат одговорност за решение на отвореното прашање.

    „Грција, како земја членка во НАТО и ЕУ со најстара демократска традиција во регионот, има голема одговорност за решавање на ова прашање, и дека мора да се најде компромис прифатлив за двете страни“, му рекол Коѕиас на премиерот Заев, соопшти владината служба за информирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира