Специјалната единица на косовската полиција попладнево во Косовска Митровица го уапси директорот на српската канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.
Тој потоа беше пренесен во Приштина да даде изјава пред судија за прекршоци, по што беше донесена одлука за депортација. Ѓуриќ беше предаден на српската полиција на граничниот премин „Мердаре“.
Косовските власти соопштија дека против Ѓуриќ било интервенирано по налог за забрана за влез во земјата.
Ѓуриќ беше уапсен додека имаше средба со политичките претставници на српската заедница во Косово и притоа полицијата употреби шок бомби да ги растера насобраните граѓани кои се обидоа да ги спречат полицајците да влезат во објектот.