АЛБАНСКИ СКЕНДЕРБЕУ ЈА НАДМИНА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА СО СУСПЕНЗИЈАТА ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОРАДИ МЕСТЕЊЕ

    АЛБАНСКИ СКЕНДЕРБЕУ ЈА НАДМИНА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА СО СУСПЕНЗИЈАТА ОД ДЕСЕТ ГОДИНИ ПОРАДИ МЕСТЕЊЕСкендербеу е казнет за наводно местење на повеќе од 50 домашни и европски натпревари од 2011 година наваму

    Еден од најдобрите албански клубови Скендербеу е исфрлен од европските фудбалски купови на десет години поради местење, што претставува најтешка казна што досега ја изрекла УЕФА.

    Неславниот рекорд досега го држеше прилепска Победа, која во 2009 година доби осумгодишна суспензија за местење на натпреварот од Лигата на шампионите против ерменски Пјуник.

    Шесткратниот првак на Албанија лани доби едногодишна суспензија, но УЕФА најави дека таа ќе биде пожестока.

    Скендербеу, кој повторно е блиску до шампионската титула во Албанија, е казнет за наводно местење на повеќе од 50 домашни и европски натпревари од 2011 година наваму. Тоа го вклучува и мечот од Лигата на шампионите со Динамо Загреб во 2015 година, кога наводно намерно го примил четвртиот гол во поразот од 1:4.

    „Невини сме и ќе го докажеме тоа. Нашите навивачи и следната сезона ќе нѐ гледаат во Лигата на шампионите“, објави албанскиот клуб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира