Велес пред две недели го одбележа роденденот на легендарниот актер Петре Прличко , роден на 13 март 1907 во овој град, а бргу потоа плочата со името на актерот осамна исчкртана. Заедно со Кочо Рацин, Прличко е синоним за Велес, а велешани се револтирани од вандализирањето на неговата биста.
Комуналната и инспекција и полицијата засега немаат реакција за вандализирањето.
Ова е не првпат плочата да е оштетена. Пред неколку години, претходната месингана плоча беше украдена, па поставена е оваа која е мермерна.
Бистата на Прличко е дело на скулпторот Томе Серафимовски и е поставена во Младинскиот парк, каде постојано има движење на граѓани.
Петре Прличко, еден од доајените на македонското глумиште, почина во Скопје на 16 ноември 1996.
П. ПЕЧКОВ