ЕУ ГО ИДЕНТИФИКУВА ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО ВЛЕЗНА ПОРТА ЗА МИГРАНТИТЕ, ВЕЛИ СПАСОВСКИ

    ЕУ ГО ИДЕНТИФИКУВА ЗАПАДЕН БАЛКАН КАКО ВЛЕЗНА ПОРТА ЗА МИГРАНТИТЕ, ВЕЛИ СПАСОВСКИМинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот брифинг со претставниците на дипломатскиот кор во Министерството за надворешни работи. (Фото: СДК.МК)

    Западнобалканската мигрантска рута сè уште е жива, иако е со помал интензитет, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на брифингот со дипломатскиот кор на Регионалната иницијатива за миграција.

    „По официјалното затворање на рутата, се појавија голем број на криумчари на мигранти и сè почесто мигрантите се нивни жртви, а неретко се жртви и на трговија со луѓе“, рече Спасовски.

    Проблемот со мигрантите, според Спасовски биле високо на агендата на министерството за внатрешни работи, и Европската унија го идентификувала Западен Балкан како влезна порта за мигрантите.

    Во 2015 и првата половина на 2016 година, околу еден милион лица транзитирале низ Македонија, од кои околу 200 од нив побарале азил во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира