ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ Е НАШАТА СЛЕДНА ЦЕЛ, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ ОД ХАН

    ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ Е НАШАТА СЛЕДНА ЦЕЛ, КАЖА ЗАЕВ ОТКАКО ГО ПРИМИ ИЗВЕШТАЈОТ ОД ХАНЕврокомесарот Јоханес Хан утринава лично му го предаде извештајот за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев. (Фото: М. Златевска)

    Премиерот Зоран Заев вети дека Владата сега уште поенергично ќе ги води реформските процеси на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан по добивањето на препорака за почнување пристапни преговори со Европска унија. Заев рече и дека следна цел на Владата е добивање датум за преговори на Самитот на ЕУ во јуни.

    „Подготвени сме за нов чекор напред. Чистата препорака е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел. Цврсто сме определени да спроведеме суштински реформи. Ќе определиме нов план за реализација на реформите до крајот на 2018. Извештајот на Европската комисија ги вреднува сите наши почнати заложби што се одлика на една демократски ориентирана држава“, рече Заев откако лично го прими извештајот на Европската комисија од Хан.

    Хан го потсети Заев дека останува уште многу да се направи, нагласувајќи дека не е доволно само да се сменат законите, туку треба и да се спроведат во пракса.

    „Да уживаме во моментот и обврската да се продолжи она што беше започнато. Ова е пат кон ЕУ, и мислам дека е добар пат. Останува уште многу да се направи. Сега мора да се спроведат во практика законите. Не е доволно само да се сменат законите. И честитам на Владата и опозицијата бидејќи беа конструктивни за оваа национална цел. Граѓаните на Македонија ја заслужија оваа препорака. Земјата помина долг пат и покрај тешките околности и сте цврсто назад на европскиот пат“, кажа еврокомесарот за проширување и соседска политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира