ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ ИЗВЕШТАЈ ЗА НАСИЛСТВО ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ТРИ ДЕВОЈЧИЊА ОД НЕГОТИНО КОИ ТЕПАА СОУЧЕНИЧКА

    ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ ИЗВЕШТАЈ ЗА НАСИЛСТВО ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ТРИ ДЕВОЈЧИЊА ОД НЕГОТИНО КОИ ТЕПАА СОУЧЕНИЧКАНема кривични пријави за тепачите, бидејќи станува збор за малолетнички. - Принтскрин од видеото што се рашири по социјалните мрежи

    За трите ученички од Неготино кои тепаа друга соученичка а тоа го снимаа на видео, надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино до Основното јавно обвинителство Велес поднесе Известување за три малолетни лица. Девојчињата се на возраст од 13, 14 и 15 години, сите три од Неготино, ученички во ОУ „Гоце Делчев“ од Неготино, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“.

    Малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година, при што, физички нападнале 14-годишна ученичка од истото училиште и ѝ нанеле телесни повреди. За истиот настан поднесена е и кривична пријава до ОЈО Кавадарци против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“.

    Тој како обезбедување во училиштето бил на работно место на 11.04.2018 година, преку агенција за обезбедување „СОС“, но според полицијата не ги извршувал дејствијата кои бил должен да ги извршува, па дошло до тепачката од која што видеото се рашири на социјалните мрежи.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира