ГРУЕВСКИ ДОЦНЕЛ СО ЧАСОВИ НА НАСТАНИТЕ ЗАШТО СЕ ВОЗЕЛ ВО РАСИПАНИ КОЛИ, КАЖА СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТ

    ГРУЕВСКИ ДОЦНЕЛ СО ЧАСОВИ НА НАСТАНИТЕ ЗАШТО СЕ ВОЗЕЛ ВО РАСИПАНИ КОЛИ, КАЖА СВЕДОК НА СУДЕЊЕТО ЗА МЕРЦЕДЕСОТПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски пристигнува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: СДК.МК)

    Поранешен член на обезбедувањето на Никола Груевски денеска сведочеше дека обвинетиот поранешен премиер се возел со старо блиндирано возило кое не сака да запали кога сакаш, со расипани кочници, прозорци и други делови и затоа често доцнел на настаните, пред високи државници, амбасадори, новинари и граѓани.

    Вака преку сведочењето на судењето за предметот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, тој го правдаше Груевски и за постојаните доцнења додека беше на функцијата. Груевски, поради дефектите на старите функционерски мерцедеси, рече сведокот, често пати тргнуваше со едно возило, а потоа до дестинацијата мораше да се префрли во друго.

    „Влегувавме во колите и си викавме: ’Господ нека ни е на помош!’, продолжи друг сведок.

    Ова, пак, е поврзано со прислушуваниот разговор, доказ на СЈО, во кој Груевски и кажува на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека до локалните избори тој ќе се вози тајно во мерцедесот од 560.000 евра со масажери и телевизорчиња, а кај што ќе го чекаат граѓани и новинари, ќе се префрла во друго возило.

    По локалните, рече тој во бомбите, „ќе објавиме дека сме го презеле од МВР“. Сведокот рече дека блиндираниот мерцедес го користеле сите странски делегации. Иако, основата на кривичното дело, според СЈО, е кршење на Законот за јавни набавки, за тендерот да го добие една фирма од Скопје, одбраната на Груевски и на Ѓоко Поповски, поранешен помошник министер за јавни набавки, предложи за денеска да бидат сослушани 11 сведоци. Сите работат како обезбедување во МВР.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира