250 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ СИНОЌА ОТИ БИЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ, СООПШТИЈА ОД МВР

    250 ВОЗАЧИ КАЗНЕТИ СИНОЌА ОТИ БИЛЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ, СООПШТИЈА ОД МВРВо акцијата контролирани биле 1.234 возачи. Од нив 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Биле пишани и 252 казни по други основи.(Фото: МВР)

    Синоќа 248 граѓани во Скопје се казнети бидејќи возеле под дејство на алкохол, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

    СВР Скопје вчера од 23 до 5 часот наутро на повеќе локации низ градот спровела акција за откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. Во акцијата контролирани биле 1.234 возачи. Од нив 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Биле пишани и 252 казни по други основи.

    „Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на град Скопје. Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“, вели Тони Ангеловски портпарол на МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира