ПОРАНО СИТЕ ПАРИ ГИ ЗЕМАШЕ ЕДЕН НОТАР, СЕГА ЗА НАПЛАТА ВО „ВОДОВОД“ СЕ АНГАЖИРАНИ 12, МУ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА МАНЕВСКИ

    ПОРАНО СИТЕ ПАРИ ГИ ЗЕМАШЕ ЕДЕН НОТАР, СЕГА ЗА НАПЛАТА ВО „ВОДОВОД“ СЕ АНГАЖИРАНИ 12, МУ ОДГОВОРИ ШИЛЕГОВ НА МАНЕВСКИШилегов вели дека ниту еден вработен не е избркан, не се продолжени договорите на оние кои им истекле, а се вработени пред изборите. - Петре Шилегов (Фото: СДК.МК)

    Во ЈП „Водовод и канализација“ ангажирани се 13 адвокати и 12 нотари, за разлика од порано кога само еден нотар ја вршел целата работа и двајца адвокати, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање на советникот Михајло Маневски.

    Маневски на денешната седница праша колку луѓе се избркани од работа во ова претпријатие, на колку не им се продолжени договорите и колку се прераспределени на пониски работни места.

    „Колку вработени се прераспределени поради политичка определба и колку нови вработувања има во ’Водовод‘? Дали новиот директор има ангажирано адвокат во претпријатието и колку му се плаќа?“, праша Маневски.

    Шилегов рече дека ниту еден вработен не е избркан, не се продолжени договорите на оние кои им истекле, а се вработени пред изборите.

    „Дали вие сте вработувале по политичка линија, па сега мислите дека има политичка чистка, не знам. Дел од вработените се распределени на други работни места според нивните квалификации и систематизацијата која ја наследивме. Што се однесува до адвокатски услуги за извршување наплата, сега тоа го вршат 13 адвокати и 12 нотари и за нив според сработено се врши исплата за што годишно се предвидени 60 милиони денари. Порано само еден нотар ја вршел оваа работа и е прв по заработка во нотарската комора и двајца адвокати“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира