ЛУНА ПАРКОТ ЗАМИНА ЗА ПРИЛЕП КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО

    ЛУНА ПАРКОТ ЗАМИНА ЗА ПРИЛЕП КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗОСите реквизити се продадени на јавна лицитација за 20.000 евра на фирма од Прилеп која ќе ги искористи како старо железо.(Фото: СДК.МК)

    Реквизитите од скопскиот Луна парк се продадени на јавна лицитација на фирма која ќе ги искористи како старо железо.

    Денеска, вработени од ЈП „Паркови и зеленило“ ги товареа количките од автодромот, рингишпилот, авионите и другите стари реквизити во камион. Ни рекоа дека ќе ги носат во Прилеп оти од таму е фирмата која ги купила.

    Денеска вработени од ЈП„Паркови и зеленило“ ги товареа количките од автодромот, рингишпилот, авионите и другите стари реквизити во камион. (Фото: СДК.МК)

    Директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека откако била отстранети реквизитите од Луна парк биле донесени во нивното депо.

    „Бидејќи се стари речиси 50 години и не можат да се користат решивме да ги продадеме на јавна лицитација. Сите реквизити го продадовме за 20.000 евра на фирма која ќе ги користи како старо железо“, вели Муча.

    Луна паркот во Скопје беше изграден во 1973 година и оттогаш ниту не беше реновиран, ниту реквизитите беа заменети со нови. Беа извадени лани во април кога тогашниот градоначалник Коце Трајановски ја старуваше изградба на новиот забавен парк кој требаше да биде готов според тогашните најави до крајот на оваа година. Но, пред еден месец градоначалникот Петре Шилегов кажа дека постапката за изградба на Луна паркот која ја почна неговиот претходник е стопирана и дека ќе се бара приватен партнер.

    „Размислуваме Луна паркот да го дадеме под концесија, односно приватен партнер да го изгради и во одреден рок да стопанисува со него. Проектот кој го наследив предвидува тој да чини околу 9 милиони евра. Сега ги разгледуваме сите преземени правни и финансиски обврски“, вели градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира