ВАКЦИНИРАЊЕТО НЕ ИЗЛЕГУВА ОД МОДА – МАНЕКЕНКАТА КАТЕРИНА ИВАНОВСКА ВО КАМПАЊА НА УНИЦЕФ

    ВАКЦИНИРАЊЕТО НЕ ИЗЛЕГУВА ОД МОДА – МАНЕКЕНКАТА КАТЕРИНА ИВАНОВСКА ВО КАМПАЊА НА УНИЦЕФЈас сум вакцинирана, а го вакцинирав и моето дете, вели топ моделот Катерина Ивановска, во видеото на УНИЦЕФ и Министерството за здравство за подигање на јавната свест за користа од вакцинацијата. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава и Министерството за здравство објавија видео со манекенката Катерина Ивановска за подигање на јавната свест, дека вакцинацијата е најдобрата мерка против заразни болести.

    Ивановска во видеото вели дека некои работи никогаш не излегуваат од мода и дека вакцините делуваат. Таа кажува дека е вакцинирана, а откако пред една година стана мајка го вакцинира и своето дете.

    Промотивното видео е изготвено во рамки на Европската недела на имунизацијата, а како што велат од Министерството за здравство идејата е јавни личности да кажат дали се вакцинирани и дали ги вакцинираат своите деца.

    „Редовната вакцинација нè заштитува нас и нашите најблиски. Вакцините кои се користат во Република Македонија се произведени во земји членки на ЕУ, а се одобрени од Светската здравствена организација. Да ги заштитиме нашите деца, и преку вакцинирање на соодветна возраст да создадеме колективен и здрав имунитет“, вели министерот за здравство Венко Филипче во објавата на неговиот официјален Фејсбук профил, на кој е споделено и видеото.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира