Северна Кореја наредниот месец ќе го затвори својот полигон за ракетни и нуклеарни тестови, објавија од канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја.
Тоа ќе биде направено јавно, при што ќе бидат поканети и странски експерти од Јужна Кореја и од САД.
Научници велат дека полигонот Пунгје-Ри, можеби, делумно се урнал при тестирањето во септември и веќе не е во функција. Шест нуклеарни проби биле изведени тука од 2006 година.
Во петокот, лидерите на двете Кореи постигнаа договор за целосна денуклеаризација на полуостровот и следниот чекор треба да биде средбата на Ким Џонг-Ун со Доналд Трамп. Американскиот претседател кажа дека се надева дека оваа средба ќе се одржи во наредните три-четири недели.
„Господинот Ким изјави дека во мај сака да го затвори полигонот за тестирања. Тој притоа ќе покани експерти од Јужна Кореја и САД за да го надгледуваат процесот, со цел да се обезбеди меѓународна транспарентност“, изјави Јун Јанг-Чан, портпаролот на претседателот на Јужна Кореја.