Баскиската милитантна група ЕТА и официјално се распушти, што означи крај на едно од најкрвавите поглавја во новата европска историја.
Борејќи се за независна баскиска држава, ЕТА уби 853 луѓе, повеќето од нив во преодниот период, кога Шпанија го трансформираше својот систем од диктатура во демократија.
Ова се некои од најважните моменти во 60-годишното дејствување на ЕТА:
- 1958: ЕТА се формираше по расцепот на млади организации поврзани со Баскиската националистичка партија и во своите рани документи наведе дека ќе се бори за самоопределување на регионот.
- 1968: Во првиот смртоносен напад загина офицерот на цивилната гарда Хосе Пардинес, при што загина и неговиот убиец.
- 1970: Шестмина членови на ЕТА добија смртни казни, што подоцна беше преиначено во доживотен затвор.
- 1973: Во силна експлозија во Мадрид загина десната рака на диктаторот Франко и премиер Луис Кареро Бланко.
- 1974: 12 луѓе загинаа во бомбашки напад во кафуле во Мадрид.
- 1980: Најсмртоносната година во историјата на ЕТА со 100 загинати.
- 1986: 12 припадници на цивилната гарда се убиени во експлозијата на автомобил-бомба во Мадрид. Истата година, самата ЕТА го уби својот поранешен лидер Долорес Гонсалес Катараин.
- 1987: 21 лице загина во најкрвавиот поединечен напад на ЕТА, во експлозии на паркингот пред трговски центар во Барселона.
- 1989: ЕТА го објави првиот прекин на огнот, што набргу беше прекршено со ново убиство.
- 1996: Убиен бившиот претседател на Уставниот суд, Франсиско Томас Валиенте.
- 1997: Големи протести низ Шпанија по киднапирањето и убивањето на младиот советник од градот Ермуа, Мигел Анхел Бланко, по што ЕТА загуби голем дел од поддршката во и надвор од Баскија.
- 2002: Со нов закон забранета баскиската сепаратистичка партија Батасуна.
- 2008: Во јужна Франција уапсен оперативниот лидер на ЕТА, Чероки.
- 2010: По убиството на француски полицаец, последна позната жртва на ЕТА, Батасуна за првпат јавно го отфрли насилството.
- 2011: ЕТА и официјално прогласи крај на вооружени активности.
- 2017: ЕТА објави дека се разоружала.