ЃОРЧЕВ НЕМА ДА СВЕДОЧИ ДЕНЕСКА ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА СЕЛА, ПОКАНАТА ЗА СУД ЈА ПРИМИЛА КУЌНАТА ПОМОШНИЧКА

    ЃОРЧЕВ НЕМА ДА СВЕДОЧИ ДЕНЕСКА ЗА ПРЕТЕПУВАЊЕТО НА СЕЛА, ПОКАНАТА ЗА СУД ЈА ПРИМИЛА КУЌНАТА ПОМОШНИЧКАЗа обидот за убиство на Села, обвинети и притворени се 10 лица. - Обвинетите на претходно рочиште во Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Сведоците Зоран Заев и Влатко Ѓорчев, едниот поради однапред планирани обврски, другиот зашто не примил судска покана, нема да сведочат денеска во Кривичниот суд за обидот за убиство на Зијадин Села.

    Од сведоците за најтешкото кривично дело на 27 април лани, извршено во прес-салата на Собранието, денеска ќе сведочи најверојатно телохранителот на Заев Александар Трајков.

    Судијката Славица Андреевска на почетокот на денешното рочиште прочита дека куќната помошничка ја примила поканата, место сведокот Влатко Ѓорчев. Немаше податок дали Ѓорчев бил во државава или не.

    За обидот за убиство на Села, обвинети и притворени се 10 лица. Во моментов се пуштаат преостанатите три снимки од прес салата. Влатко Ѓорчев и Александар Трајков се живиот штит кој ги бутка назад насилниците. Села е повреден во главата, но уште на нозе.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира