ВЛАДАТА ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ДОЈРАН ДА ГИ ВРАТИ ЗЛОУПОТРЕБЕНИТЕ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЕУ

    ВЛАДАТА ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ДОЈРАН ДА ГИ ВРАТИ ЗЛОУПОТРЕБЕНИТЕ 150 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД ЕУ„Тоа е последица од работењето на претходната локална власт. Владата директно ќе интервенира и да го реши овој проблеми, бдиејќи 150.000 евра, а можеби и повеќе, се огромни пари за Дојран“, кажа премиерот Зоран Заев при вчерашната посета на општината (Фото: СДК.МК)

    Државата ќе ѝ помогне на Општина Дојран да го врати долгот од 150.000 евра кон ЕУ, оти пред четири години општинското раководство ја прекршила постапката при избор на изведувач за реконструкција на пречистителната станица со европски пари. Премиерот Зоран Заев ова вчера му го соопшти на градоначалникот на Дојран Анго Ангов, кој пред десетина дена побара помош од Владата за да не бидат ставени на црната листа на ЕУ. Тој тогаш кажа дека локалната самоуправа нема пари да го врати долгот.

    Заев кажа дека Владата донела заклучок да ѝ се помогне на Општина Дојран.

    „Тоа е последица од работењето на претходната локална власт. Владата директно ќе интервенира и да го реши овој проблеми, бидејќи 150.000 евра, а можеби и повеќе, се огромни пари за Дојран. Проектот е реализиран колку што знам, но суштината е што Дојран не може да ги врати овие пари. Тука државата ќе интервенира, тоа е важно за да може и натаму ова општина да добива проекти и да не го наруши имиџот пред ЕУ, бидејќи има аплицирано за вакви проекти“, рече Заев.

    Европската комисија уште во 2016 реагирала и побарала Општина Дојран да врати 150.000 евра, бидејќи место поевтиниот го избрала поскапиот изведувач на градежните работи за реконструкција на пречистителната станица. На оваа одлука реагирала чешката фирма, која учествувала на тендерот. Градоначалникот Ангов за долгот дознал годинава, откако ЕУ им се закани дека ќе бидат исклучени од европските проекти ако не го вратат долгот.

    Ова е проект за меѓугранична соработка за заштита на Дојранското Езеро, за што пред четири години општините Дојран и Кукуш добија 502.000 евра. Дојран ја реконструираше постоечката пречистителна, за што доби 309.000 евра, а Кукуш со останатите пари воведе најсовремена технологија во нивната станица за прочистување на отпадните води.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира