ДА ИМАШЕ НАПРАВЕНО КРИМИНАЛ ЗАЕВ ВО 2014 ГОДИНА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ЗАТВОРЕШЕ, МУ ОДГОВОРИ СДСМ НА МИЦКОСКИ

    ДА ИМАШЕ НАПРАВЕНО КРИМИНАЛ ЗАЕВ ВО 2014 ГОДИНА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО ЗАТВОРЕШЕ, МУ ОДГОВОРИ СДСМ НА МИЦКОСКИЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека премиерот Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, во 2014 година продал државно земјиште и по неколку постапки тоа земјиште завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев. - Зоран Заев на владина седница (архивска фотографија)

    Христијан Мицкоски ја продолжува праксата на неговиот претходник Никола Груевски неосновано да го обвинува Зоран Заев за неговата работа како градоначалник на Струмица, реагира СДСМ на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    „ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година имаше целосна контрола врз институциите и доколку имало и најмало сомневање за направен криминал од Заев и неговото семејство, тие веднаш би биле процесуирани“, стои во реакцијата на СДСМ.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното видео обраќање на Фејсбук, тврди дека премиерот Зоран Заев, како градоначалник на Струмица, во 2014 година продал државно земјиште и по неколку постапки тоа земјиште завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев.

    Мицкоски побара од Јавното обвинителство да го испита случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира