СКОПСКИТЕ ОБЛАКОДЕРИ СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО ВО „ГРАД НА ВЕРТИКАЛИТЕ“ НА ТРОЈЦА АРХИТЕКТИ

    СКОПСКИТЕ ОБЛАКОДЕРИ СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО ВО „ГРАД НА ВЕРТИКАЛИТЕ“ НА ТРОЈЦА АРХИТЕКТИ„Скопските вертикали“ е обемен истражувачки проект за 50 висококатници од 1950-тите сè до доцните 1980-ти години, период кој важи за најдинамичен од историјата на развојот на Скопје (Фото: Е. Фидановска)

    Архитектите Јован Ивановски, Ана Ивановска – Дескова и Владимир Десков изминативе денови во Музејот на Град Скопје со изложба и книга го претставија истражувачкиот проект „Скопските вертикали“. Тие истражуваа и документираа 50 висококатници од 1950-тите сè до доцните 1980-ти години, период кој важи за најдинамичен од историјата на развојот на Скопје.

    Архитектите Јован Ивановски, Владимир Десков и Ана Ивановска – Дескова на отворањето на изложбата „Скопските вертикали“ (Фото: Е. Фидановска)

    Покрај тоа што биле професионално љубопитни, како што велат тие, основен мотив им било да придонесат за повторната видливост на еден од забора­вените и тематски најмалку истражуваните архитектонски слоеви на Скопје – градбите кои се развиваат во височина.

    Станува збор за период од архитектонската историја на Скопје во кој градовите и во глобални рамки сè уште се доживуваат како „резултат на колективен напор“, а архитектурата како „јавна работа“.

    Автори на макетите се архитектите Теа Дамјановска, Зоран Петровски, Михајло Стојановски и Миа Шириќ (Фото: Е. Фидановска)

    Истражувањето почнало со општо мапирање на територијата на целиот град, па архитектите оделе по институциите, разговарале со соговорници кои учествувале во реализирањето на градбите, како и со жителите на висококатниците. По аналитичка обработка на собраните материјали, тие избрале 15 најкарактеристични градби, за кои првично направиле тродимензионални модели, а подоцна и макети во размер 1: 50.

    Авторите ја конципираа изложбата така што во средината на изложбениот простор во Музејот гостинот може да се најде сред „град на вертикалите“, каде поставени на високи постаменти се извишувааt 12 макети од највпечатлиивте „скопски вертикали“.

    Во Музејот на Град Скопје поставена е една монументална карактеристична фотографска панорама на Скопје, на која се спротивставени архитектонските микронаративи на вертикалниот град (Фото: Е. Фидановска)

    Помеѓу макетите беше претставен мал дел од богатиот материјал произлезен од истражувањето, како извадоци од оригинална проектна документација, домашни и странски публикации кои ја допираат темата, и нова фотодокументација од дел од градбите и секоја од макетите.

    Архитектите избрале 15 најкарактеристични градби, за кои првично направиле тродимензионални модели, а подоцна и макети во размер 1: 50 (Фото: Е. Фидановска)

    Меѓу зградите кои се опфатени во истражувањето се : кула „АвтоМакедонија“, кулата „Вртешка“, Професорските кули, Работничкиот дом „Кочо Рацин“, Силосите за цемент, ЕВН, Градски ѕид -кула тип „М“ и „Б“, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Романските кули, Народна банка, хотел „Континетал“, кула „Автокоманда“, Телекомуникацискиот центар, кулите „Капиштец“, „Алкалоид“, Воените кули, кули „Три бисери“, и „Нова Македонија“.

    Помеѓу макетите беше претставен мал дел од богатиот материјал произлезен од истражувањето, како извадоци од оригинална проектна документација и нова фотодокументација од дел од градбите (Фото: Е. Фидановска)

    „Скопските вертикали и нивните впечатливи архитектонски фигури во голема мера го дефинираат специфичниот, модерен идентитет на градот. Иако историјата на вертикалите во Скопје (слично како и кај другите европски градови), може да се следи низ сите епохи на историскиот развој на архитектурата – уште од исфрлените, одбранбени кули на скопската и околните тврдини, преку градските репери со религиозен карактер (кулите камбанарии и минарињата), профаните репери – Саат кулата, објектите кои со својата доминација говорат за истакнатата социјална позиција – Беговската кула и други, сепак вертикалноста и развојот на градот во висина својата вистинска смисла ја добива дури во повоениот период преку кулата висококатница како една од главните одлики на модернистичкиот град (градот создаден во текот на 20 век)“, вели авторскиот тим.

    Изложбата ќе биде отворена до недела, 13 мај, а книгата ќе биде достапна во продавницата„АП(о)ТЕКА“  во Младинскиот културен центар (МКЦ).

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира