ГРЦИЈА ЈА ПОЧНА ПРЕСЕЛБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ ОД ИДОМЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Идомени,(МЕТА)

    ГРЦИЈА ЈА ПОЧНА ПРЕСЕЛБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ ОД ИДОМЕНИ

    Грчката влада почна со релокација на бегалците од Идомени во бегалските центри. Акцијата започна во шест часот утринава. Засега нема информации за инциденти или насилство при обидот да се релоцираат бегалците. Досега шест автобуси со 340 бегалци веќе заминаа од Идомени кон бегалските центри, а уште 30 автобуси се на стенд бај во кампот, подготвени да ги пренесат и другите.

    Целта, според информациите, е денес да се пренесат околу 2.000 луѓе од Идомени. Потпаролот на координативното тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис изјави дека акцијата се одвива без проблеми и полека. Тој рече дека се чека на бегалците да се разбудат полека, да се спакуваат и да почнат да се качуваат во автобусите.

    Владата се надева дека во следните неколку дена ќе успее да релоцира околу 8.500 бегалци од Идомени до бегалските центри на периферијата на Солун и низ другите центри во државата. За бегалците во соработка со УНХЦР се обезбедени и 660 станови во Солун.

    Идомени од доцна ноќеска е целосно изолирано. Во кампот има само полиција, униформирани и во цивилна облека, кои ги информираат бегалците дека мора да заминат од кампот. Полицијата има наредба акцијата за релокација да биде мирна, без употреба на сила и насилство. Не им е дозволен пристап, ниту на волонтерите, ниту на новинарите. Во кампот се наоѓаат само акредитираните невладини организации, како што е УНХЦР. Во Идомени се пуштени само новинарите од грчката државна телевизија ЕРТ, а според информациите на Твитер, објавени од грчките новинари, полицијата најавила приведување на волонтери кои без дозвола ќе се најдат во кампот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира