ВЛАДИКАТА ПЕТАР ИЗБЕГА ОД ПРЕТСТАВА СО СЕКС СЦЕНИ ВО БИТОЛА

    ВЛАДИКАТА ПЕТАР ИЗБЕГА ОД ПРЕТСТАВА СО СЕКС СЦЕНИ ВО БИТОЛАВладиката Петар си замина токму кога на сцена неколку пара актери глумеа дека водат љубов во претставата „Фигурај венерис хисториај“ на прилепскот театар „Војдан Чернодрински“ на отворањето 20. Интернационален фестивал на монодрама во Битола; - сцена од претставата (Фото: Центар за култура Битола)

    Владиката Петар си замина без да ја догледа претставата „Фигурај венерис хисториај“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, во која имаше сцени со алузии на сексуален акт. Претставата беше прикажана синоќа на отворањето на 20. Интернационален фестивал на монодрама во Центарот за култура во Битола.

    Претставата немаше голотии, туку сцени во кои актерите глумеа дека се сексаат. Битолчани што ја следеа претставата велат дека владиката си заминал токму кога на сцена неколку пара актери глумеле дека водат љубов.

    Претставата е работена по најновиот текст од Горан Стефановски, кој за неговото дело има изјавено дека сложениот наслов на драмата крие многу проста порака, дека има нешто порнографско во историјата особено кога ќе дојде до големи колежи, со светските војни како круна на политичката порнографија. Претставата е во режија на Наташа Поплавска.

    Вчера на свеченото отворање, во редот за одбрани гости покрај владиката Петар седеа и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на жирито Коле Ангеловски и други.

    Според програмата на Фестивалот, свеченото отворање требаше да биде со претставата „Пиреј“ на Прилепскиот театар, но поради болест на еден од актерите, оваа театарска куќа настапи со друга претстава. Од денес, па во текот на следните пет дена на Фестивалот на монодрама во Битола ќе бидат одиграни осум претстави од различни земји.

    И пред пет години владиката Петар си замина на средината од претставата „Енциклопедија на изгубеното време“ во изведба на театарот од Цетиње, Црна Гора, во која имаше секс сцени, а се прикажуваше на затворањето на фестивалот на монодрамата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира