Шест члена на едно семејство, вклучувајќи и три малолетни деца, ги извеле самоубиствените бомбашки напади на три цркви во вториот по големина град во Индонезија, Сурабаја, во еден од најголемите напади на христијанското малцинство во земјата.
Најмалку седум луѓе, плус шесте напаѓачи, загинале во нападите, а уште 41 лице било повредено.
Ова се најтешките напади на цркви во Индонезија од 2000 година, кога за Божиќ загинаа 15 луѓе, а над 100 беа повредени.
Шефот на полицијата во Сурабаја, Тито Карнавијан, кажа дека таткото се разнесол со автомобил-бомба, двата сина, од 18 и 16 години, користеле мотоцикли во нападите, а мајката била со ќерките од 12 и девет години кога го извршила својот напад.
Карнавијан додаде дека семејството пред некое време се вратило од Сирија, кадешто престојувало на територија под контрола на Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите.