МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ОПЕРАЦИЈА НА БУБРЕЗИТЕ, ЌЕ ОСТАНЕ ВО БОЛНИЦА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА

    МЕЛАНИЈА ТРАМП НА ОПЕРАЦИЈА НА БУБРЕЗИТЕ, ЌЕ ОСТАНЕ ВО БОЛНИЦА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТАПортпаролот на Меланија кажа дека зафатот бил успешен и дека немало компликации, а таа најверојатно ќе биде хоспитализирана до крајот на неделата (Фото: АП)

    Претседателот на САД Доналд Трамп се очекува да ја посети првата дама Меланија Трамп во болница, каде таа беше подложена на процедура за лекување на бенигна состојба на бубрезите.

    Од Белата куќа велат дека посетата на медицинскиот центар на Волтeр Рид се очекува да биде подоцна денеска.

    Портпаролот на 48-годишната прва дама кажа дека зафатот бил успешен и дека немало компликации. Меланија Трамп најверојатно ќе биде хоспитализирана до крајот на неделата.

    Белата куќа не даде дополнителни детали за состојбата на првата дама.

    Таа последен пат беше видена во јавноста минатата среда на настанот во Белата куќа, со кој се одаде почит на мајките и жените на војниците по повод Денот на мајката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира