ПОТВРДЕНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА КОСОВСКИТЕ ДОКТОРИ ВМЕШАНИ ВО ТРГОВИЈА СО ОРГАНИ

    ПОТВРДЕНА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ЗА КОСОВСКИТЕ ДОКТОРИ ВМЕШАНИ ВО ТРГОВИЈА СО ОРГАНИНа урологот Луфти Дервиши казната на повторното судење му е намалена за 6 месеци, односно наместо 8 осуден е на 7,5 години затвор, додека на анестезиологот Сокол Хајдини казната од 3 години затвор му е намалена на една година (Фото: БИРН)

    Двајцата косовски доктори кои во 2013 беа осудени за трговија со органи и на повторното судење се осудени за виновни. Докторот Луфти Дервиши и анестезиологот Сокол Хајдини беа осудени за вмешаност во трговија со органи, изведувајќи нелегална трансплатација на бубрези во клиника во близина на главниот град Приштина. Но Врховиот суд на Косово во 2016 наложи судењето да се повтори поради процедурални неправилности.

    На урологот Луфти Дервиши казната на повторното судење му е намалена за 6 месеци, односно наместо 8 осуден е на 7,5 години затвор, додека на анестезиологот Сокол Хајдини казната од 3 години затвор му е намалена на една година. Синот на докторот Дервиши, Арбан Дервиши, кој во 2013 беше осуден на 7 години затвор, не беше меѓу обвинетите на повторното судење бидејќи е во бегство.

    Докторите се обвинети дека на донатори од Турција и сиромашните делови на поранешниот Советски сојуз им плаќале од 10.000 до 12.000 евра за нивните бубрези, а лицата кои потоа ги купувале, најчесто Израелци, за органите плаќале од 70.000 до 120.000 евра.

    Судијката Франциска Фишер на повторното судење рече дека обвинетите регрутирале најмалку 7 лица преку рекламирање на Интернет и во клиниката „Медикус“ им биле вршени операции при што им биле отстранети бубрезите. Фишер е член на мисијата на Европската унија ЕУЛЕКС, која од 2008 помага во унапредување на косовскиот правен систем преку справување со чувствителни случаи како што се воени злостроства, организиран криминал и корупција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира