КИМ КАРДАШИЈАН СЕ СРЕТНА СО ТРАМП ЗА ДА ПОБАРА ПОМИЛУВАЊЕ НА ЗАТВОРЕНИЧКА

    КИМ КАРДАШИЈАН СЕ СРЕТНА СО ТРАМП ЗА ДА ПОБАРА ПОМИЛУВАЊЕ НА ЗАТВОРЕНИЧКАКим Кардашијан се залага за помилување на 63-годишна жена која служи доживотна казна затвор (Фото: Твитер)

    Ким Кардашијан-Вест се сретна со Доналд Трамп за да продискутираат за евентуално помилување на 63-годишна жена, која служи доживотна казна затвор.

    Станува збор за случајот на Алис Мери Џонсон, кој веќе две децении е во затвор поради прв прекршок поврзан со дрога. Зетот на Трамп, Џеред Кушнер и Кардашијан веќе неколку месеци зборуваат за овој случај, кој сега стигна и до Белата куќа.

    Трамп напиша на Твитер дека имал одлична средба со Кардашијан.

    „Зборувавме за реформи на затворите и на казнувањето“, кажа Трамп.

    Кардашијан првпат се заинтересирала за овој случај кога видела видео за Џонсон на социјални мрежи. Таа потоа го замолила својот адвокат Шон Холи да го преземе случајот, во кој потоа се вклучил и Кушнер, кој се залага за реформи на затворскиот систем.

    Џонсон беше осудена на доживотен затвор без право на помилување во 1996 година, под обвинение дека била телефонска врска помеѓу дистрибутери и продавачи на дрога. Според нејзиното семејство, Џонсон е примерен затвореник, вклучен во голем број затворски програми. Во 2014 година, Барак Обама го одбил нејзиното барање за помилување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира