КАНАДА УТРЕ СТАНУВА ПРВА БОГАТА ДРЖАВА КОЈА ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТА

    КАНАДА УТРЕ СТАНУВА ПРВА БОГАТА ДРЖАВА КОЈА ЦЕЛОСНО ЌЕ ЈА ЛЕГАЛИЗИРА МАРИХУАНАТАДодека сојузни држави во САД експериментираат, Канада се реши за драстичен потег (Фото: Гети)

    Кога „Канопи гроут“ пред четири години ја отвори првата фабрика за канабис во стар погон за производство на чоколадо, го направи тоа затоа што предвидуваше светла иднина. Канада веќе ја имаше легализирано медицинската марихуана и „Канопи“ предвидуваше дека следен чекор е целосната легализација.

    Она што компанијата не можеше да предвиди е напливот на гости од сите страни на светот: политичари и полициски власти од Јамајка, Германија, Данска, Холандија, Грција и Австралија, лекари од Нов Зеланд, Бразил и Чиле, како и групи на банкари и инвеститори.

    Канада од утре уште повеќе ќе се најде во фокусот на светот, кога се очекува Сенатот да го усвои законот Ц-45, со што таа ќе стане првата земја од Г20 која ја легализирала рекреативната марихуана.

    „Тоа во прв момент ќе биде научно-фантастично искуство. Ова е уникатно во светот, затоа што првпат се случува во богата земја. Ова не е како во САД, кадешто некои сојузни држави експериментираат. Повеќето земји го игнорираат Уругвај, па целиот свет ќе гледа во нас“, вели Бенедикт Фишер, експерт од најголемата психијатриска клиника во Торонто.

    Секоја канадска провинција на свој начин ќе го регулира пазарот на марихуана, но никој сѐ уште не знае како легализацијата ќе се одрази врз криминалот, здравјето и врз разни други фактори и дали досегашните одгледувачи на црно ќе бидат вклопени во новиот систем.

    Дури и места кои веќе ја имаат легализирано марихуаната се надеваат дека Канада ќе разреши некои мистерии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира