Невреме со пороен дожд, грмотевици, силен ветер, а на места и град го зафати околу пладне Скопје. Улиците се поплавени, има паднати дрвја и расфрлани гранки. Граѓани се жалат дека им враќа канализацијата.
Ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час, велат од УХМР. Попладне нестабилното време ќе го зафати источниот дел од земјата со поинтензивни врнежи, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.