ДОЦНИ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ГРАД СКОПЈЕ ИСПИТУВАЛ ДАЛИ СРЕДСТВОТО Е ШТЕТНО

    ДОЦНИ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ГРАД СКОПЈЕ ИСПИТУВАЛ ДАЛИ СРЕДСТВОТО Е ШТЕТНО„Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето“, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.(Фото: М.Златевска)

    Град Скопје доцни со прскање против комарци оти испитувале дали средството кое се користи е штетно, велат од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

    Прскањето против комарци Град Скопје го почнува кон почетокот на јуни, но годинава тоа ќе се одвива кон крајот на месецов оти уште не е завршен тендерот.

    „Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје. Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира